Горивата поевтинуваат за 2 денари

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 17.11.2014 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 70,00 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 71,50 ден/лит, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 60,00 ден/лит, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 48,50 ден/лит. Вака денес одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 2,153 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 17.11.2014 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 30,866 ден/кг.

Со оваа Одлука се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,24%, односно за 3,78% во однос на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија од 17.11.2014 година.