Николовски: Пратениците од опозицијата неоправдано биле отсутни

Претседателот на Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања Александар Николоски на денешната седница предложи да се одземат мандатите на 31 пратеник од опозицијата кои беа отсутни во изминатиот период во Собранието.

Николовски истакна дека опозициските пратеници во текот на изминатите шест месеци од 10 мај до 10 ноември, неоправдано отсуствувале на вкупно 40 Собраниски седници.

Членовите на Коимисијата гласаат за мандатот на секој пратеник поединечно, доколку предлогот на претседателот Николовски биде усвоен, тој ќе биде ставен на гласање на првата пленарна седница во Собранието на Република Македонија.