Одржана работилница за презентација на дигитални сликовници и активности во ОУ „Григор Прличев“

Денес во ОУ „Григор Прличев“,  се одржа работилница за презентација на дигитални сликовници и активности која е проект на УСАИД, „Со читање до лидерство“ во соработка со Фондација за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“.

Целта на оваа работилница беше да се презентираат околу дваесеттина дигитални сликовници кои можат да се користат во наставата по повеќе предмети, особено во одделенска настава. Како да се користат дигиталните сликовници, кои покрај илустрации и текст имаат и аудио запис.

Преку оваа работилница, користењето на сликовниците можат значително да се збогатат одредени наставни единици.

DSCN2935 DSCN2932 DSCN2930