Десетина полициски службеници денес учествуваа во акцијата Денот на дрвото. Кај месноста Орман тие засадија повеќе борови и јасенови садници.
СВР Охрид традиционално ја подржува оваа акција за подигнување на еколошката свест и градење здрава животна средина.
„Секоја година учествуваме во акцијата Денот на дрвото и на предвидените локации заедно со граѓаните и претставниците на институциите засадуваме садници, ги пошумуваме голите предели и учествуваме во раззеленувањето и подобрувањето на нашата животна средина.“ велат од СВР Охрид.
Денешната акција беше повод и за уредување на дворот на СВР Охрид каде се засадија неколку борови насади.