СВР Охрид го одбележа Денот на дрвото

Десетина полициски службеници денес учествуваа во акцијата Денот  на дрвото. Кај  месноста Орман тие засадија  повеќе борови и јасенови садници.

СВР Охрид традиционално ја подржува оваа акција за подигнување на еколошката свест и градење здрава  животна средина.

„Секоја година учествуваме во акцијата Денот на дрвото и на предвидените локации заедно со граѓаните и претставниците на институциите  засадуваме садници, ги пошумуваме голите предели и учествуваме во раззеленувањето и подобрувањето на нашата животна средина.“ велат од СВР Охрид.

Денешната акција беше повод  и за уредување на дворот на СВР Охрид каде се засадија неколку борови  насади.