Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 8 Декември 2014 година (понеделник), празникот „Св. Климент Охридски“, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
Истовремено, Mинистерството за труд и социјална политика на граѓаните на Република Македонија им го честита празникот „Св.Климент Охридски“.