Две победи за македонската футсал репрезентација против Црна Гора

Македонската футсал репрезентација по вторпат беше поуспешна од селекцијата на Црна Гора во тест натпреварот што се одигра во СЦ „Јане Сандански“. По вчерашниот триумф од 5-2, избраниците на селекторот Васко Скендеровски денес победија со 5-3 на вториот контролен натпревар.

Футсал репрезентацијата се подготвува за квалификацискиот турнир за ЕП што ќе се одржи во март во Скопје, а се наоѓа во група со Шпанија, Унгарија и со најдобрата второпласирана селекција од прелиминарната фаза.