10-та Министерска конференција на СЕЕТО во Скопје

Во рамки на 10-та Министерстка конференција на СЕЕТО која се оддржа во Скопје, Министерот за транспорт и врски г-дин Миле Јанакиески, оствари билатерална работна средба со новиот Директор на Секторот „Б“ во Директоратот за проширување, Жан-Ерик Пакет.

На средбата беше разговарано за финансиска поддршка за транспортниот сектор во Република Македонија од Инструментот за предпристапна помош на Европската унија за период 2014-2020 година.

Министерот Јанакиески потенцираше дека во Република Македонија во новиот плански период ќе се направи баланс со инвестиции во делот на патниот и железничкиот сектор.

Министерот Јанакиески ги нагласи приоритетните проекти кои се планираат да реализираат во следниот период а за кои е потребна финансиска поддршка од страна на Европската унија.

Во делот на патниот сектор како приоритет е изградба на експресен пат од Градско – Прилеп, а во железничкиот сектор докомплетирање на железниката линија кон Република Бугарија. делницата од Крива Паланка до Деве Баир, граница со Република Бугарија.

Исто така, министерот Јанакиески особено ги нагласи силните политики на Владата на Република Македонија кои дирекно се насочени кон изградба на целокупната инфраструктурна мрежа во Република Македонија и побара максимална финансиска поддршка од страна на Европската Унија за реализација на таквите проекти.

На средбата и двајцата говорници се согласија дека во следниот период мора да се водат конструктивни дебати со цел што поголемо искористување на расположливите средтсва од ИПА програмата.