Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија во периодот јануари – октомври 2014 година изнесува 4 142 761 илјади САД долари, а на
увозот 6 087 648 илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извоз е 68.1%. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – октомври 2014 година, изнесува 1 944 887 илјади САД долари.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачисо благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, сетови на проводници за палење и слично, завозила, авиони или бродови, производите од железо и челик (валани производи) и облеката. Во увозот најмногусе застапени суровата нафта, платината и легурите на платина, необработени или во прав, електричната енергија и други метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.
Во периодот јануари – октомври 2014 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки наЕУ 28 (76.8%) и земјите од Западен Балкан (13.9%), а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членкина ЕУ 28 (64.0%) и Останати земји, на друго место неспомнати (11.7%). Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Грција, Србија иИталија (52.0% од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји).