Развојните програми на увид пред граѓаните

На последната, 33 седница на Советот на општина Охрид, беа донесени нацрт-развојните програми за 2015 година. Водејќи се од принципот на транспарентност и учество на граѓаните во креирањето на развојот на градот, локалната самоуправа ги објавува донесените развојни програми и ги повикува граѓаните, граѓанските здруженија и фирми со свои предлози и идеи да учествуваат во конечното формирање на истите. По завршувањето на увидот ќе биде организирана и јавна расправа. Програмите можете да ги преземете тука…

РАЗВОЈНИ ПРОГРАМИ 2015