ОК на ВМРО-НП Охрид, испрати соопштение до медиумите, во кое се вели:
„ВМРО – Народна партија го поздравува назначувањето на српската музичка ѕвезда Жељко Јоксимовиќ за кум на годинешното празнување на христијанскиот празник Богојавление – Водици. Можеби едниствената „грешка“ која здружението и Локалната самоуправа е тоа што минатата година не ја назначи Лепа Брена за кума на празникот.“
Со ваквиот чин, не можеме да тврдиме, но најверојатно ќе се приближат ставовите на Македонската Православна Црква и Српската Православна Црква и конечно ќе се реши долгогодишниот спор меѓу двете цркви. За празникот да биде комплетен, можеби е подобро организаторите да размислат светиот крст во водите да го спушти расчинетиот владика Јован Вранишкоски.
Сосема на крај, сакаме да го потсетиме здружението и Локалната самоуправа, како и градоначалникот Бакрачески кој беше видно возбуден заради кумството на Јоксимовиќ, дека станува збор за чествување на еден од најголемите христијански празници, а не за забава.“– стои во соопштение.