Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во ноември 2014 година, во споредба со октомври 2014 година, остана на исто ниво. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Ноќевања за 0.1%.
Индексот на цените на угостителските услуги во ноември 2014 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.7%.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари- ноември 2014 година, во однос на истиот период од минатата година, е намален за 0.7%, додека во однос на декември 2013 година е зголемен за 0.4%.