Во пресрет на празникот охриѓани масовно се упатија кон Свети Климент на Плаошник

Во пресрет на празникот и оваа година охриѓани, претставници на општина Охрид, гостите и делегациите од збратимените и пријателските градови заедно се упатија кон црквата на Свети Климент и Пантелејмон на „Плаошник“.

Поворката ја предводеше градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески кој истакна дека со организираното одење кон црквата на „Плаошник“ се пренесуваат духовната порака на сплотување, а со тоа се изразува почит кон Светецот.

Пред бројните охриѓани, претставниците од Локалната самоуправа како и делегациите и гостите од збратимените и пријателските градови, официјални лица на МПЦ ОА во црквата на Свети Климент и Пантелејмон на „Плаошник“, одржаа духовен час за духовната и просветната работа на Свети Климент.

Овај автентинчен начин на одбележување на празникот создава слика на некои дамнешни времиња кога низ улиците по стариот дел на градот чекорел Свети Климент.

Инаку настанот „Сите кон Свети Климента“ се одржува втора година по ред, а бројот на охриѓани кои земаат учество е се поголем.

SitekonSvKlimenta_4853 SitekonSvKlimenta_4854 SitekonSvKlimenta_4851