Честитка од претседателот на СДСМ Зоран Заев по повод празникот Св.Климент Охридски

По повод големиот христијански и државен празник Свети Климент Охридски претседателот на СДСМ, Зоран Заев, упати честитика до сите граѓани од православна вероисповед.

„Чествувањето и почитувањето на делото на големиот светител Климент Охридски, кој целиот свој живот го посветил на просветителство и описменување, е од огромно значење за зачувувањето и унапредувањето на македонската култура и цивилизациските вредности со универзално значење.

Просветното и книжевно творештво на Свети Климент Охридски, основоположникот на Охридската книжевна школа и творец на кириличното писмо, остави темелна трага во културниот и духовниот развој на македонската како и на многу други нации во светот.

Одбележувајќи го денешниот ден се потсетуваме и на суштинското значење на солидарноста и почитувањето на заедничките вредности кај луѓето.

Големите дела на Свети Климент Охридски не обврзуваат сите нас, втемелените патеки на меѓусебно разбирање, почитување и помагање да ги промовираме и заеднички да ги поттикнуваме.

Нека е честит и за многу години празникот.“ – стои во честитиката на претседалот на СДСМ, Зоран Заев.