Делата на академик Чемерски во Москва

„Настани и знаци на земјата македонска“ е насловена изложбата на дела од истакнатиот македонски уметник Глигор Чемерски, која на 9-ти декември свечено ќе биде отворена во галеријата на Руската академија на уметноста – Зураб Цератели во Москва …

Отворањето на изложбата е во чест на инаугурацијата на академик Чемерски во почесен член на Руската академија на уметностите „Императорска“. Тој е првиот македонски уметник на кого му е укажана оваа огромна чест од страна на Руската академија.

Изложбата во галеријата која е најзначајното културно и уметничко средиште на Москва ќе биде отворена до 10-ти јануари 2015 година.

Организатор на овој значаен настан е македонската галерија „Гра“л во соработка со Руската Академија на уметности. Изложбата е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија, Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Македонската академија на науките и уметности. Во рамките на изложбата, во галеријата, која го носи името на големиот руски уметник, ќе бидат изложени 43 дела од повеќе циклуси како своевидно ретроспективно претставување на повеќедецениското трворештво на овој наш истакнат уметник.

cemerski_3_320