Градоначалникот Бакрачески оствари средба со делегациите кои во Охрид дојдоа за патрониот празник

Градоначалникот Никола Бакрачески, заедно со заменик градоначалникот Ангел Јанев, синоќа остварија средба со делегациите и претставниците од збратимените и пријателските градови. На средбата градоначалникот им се заблагодари за прифаќањето на поканата и им посака да уживаат во убавините на Охрид.

Во рамки на синоќешните празнувања во куќата на „Робевци“ , фото клубот „Охрид“ од Охрид ја одржа својата традиционална фото изложба насловена како „Улична фотографија“ – црно бела техника.

priem_delegacii_4001