Со низа свечености и денес продолжија чествувањата на светецот и патрон на Охрид, Свети Климент Охридски. Градоначалникот Бакрачески, претставници на локалната самоуправа и гости од збратимените градови, утрово присустуваа на свечената богослужба во црквата посветена на Свети Пантелејмон и Свети Климент на Плаошник.
Во рамките на чествувањата, во центарот за култура “Григор Прличев“, во организација на Австралиската амбасада, беше отворена ликовната изложба, “Богатството на духот“ од домородни австралиски уметници.
Напладне, на градскиот плоштад со пригоден уметнички перфоманс пред споменикот на Свети Климент Охридски, градоначалникот Бакрачески, претставници на политички партии, здруженија на граѓани и делегации од збратимените градови, положија свежо цвеќе пред споменикот на светителот.