Црвен крст ќе ја одбележи Неделата на забоздравсвена заштита

Црвен крст Охрид од 8-15 декември, под мотото „ЗДРАВА НАСМЕВКА – СРЕЌНО ДЕТЕ“ ќе ја одбележи Неделата на забоздравствена заштита. Планираните активности, насочени пред се кон едукација на најмладите од основните училишта за правилна нега на забите и подигање на нивото на орално здравје, заеднички ќе ги реализираат тим на волонтери на Црвен крст Охрид, Одделот за детска и превентивна стоматологија при Здравствен дом Охрид и Стоматолошката ординација Баткоски.

Повеќе детали за предвидените активности, како и информации за податоците, заклучоците и сознанијата за состојбата со оралното здравје кај децата кои како дел од хуманитарната спортско-рекреативна акција „За посреќно детство“ беа анкетирани и им беа извршени основни стоматолошки прегледи од страна на стручните тимови на стоматолошка ординација „Баткоски“.