Вевчани: Во тек е меѓународниот конкурс за карикатура

И оваа година, повторно е распишан и во тек е Меѓународниот конкурс за карикатура. Имено, по повод 30-годишнината од одржувањето на Меѓународната културно-научна манифестација „Печалбарски денови“, оваа манифестација и Вевчанското културно лето „ВЕВКУЛ 2015“ распишуваат МЕЃУНАРОДЕН КОНКУРС ЗА КАРИКАТУРА на тема „Поплава, поплава…“

1. Право на учество на конкурсот имаат сите кои цртаат карикатури и имаат смисол за хумор и сатира.

2. Форматот и бројот на карикатури со кои еден автор-карикатурист ќе учествува на конкурсот не е ограничен, односно е по избор на авторот.

3. Жири комисијата составена од три члена ќе додели три награди, и тоа:

– Прва награда: Златна маска

– Втора награда: Сребрена маска и

– Трета награда: Бронзена маска.

Добитниците на награди ќе добијат и пасош на Карневалска Република Вевчани и други подароци.

4. Од наградените и селектирани карикатури ќе биде организирана изложба (летото 2015 год.) во Вевчани.

5. Карикатурите, со сите податоци за авторот, да се испраќаат на следната адреса:

ОПШТИНА ВЕВЧАНИ (за Конкурсот за карикатура)

6335 Вевчани

Република Македонија

Спонзор на Меѓународниот конкурс за карикатури е Општина Вевчани.

6. Конкурсот е отворен и рокот за испраќање на творбите е до 25 Декември 2014 година.

7. Резултатите од жирирањето ќе бидат соопштени на 10 Јануари 2015 год. преку средствата за јавно информирање.