Ден на човековите права

Генералното собрание на ОН во 1950 година го прогласи 10 декември како Ден на човековите права, со цел да се привлече вниманието на народите ширум светот, со Универзалната декларација за човекови права како општ стандард на достигнување за сите луѓе и народи.

Генералното собрание на Обединетите нации го создаде мандатот на Високиот комесаријат за промоција и заштита на човековите права во декември 1993 година. Генералното собрание делуваше по препорака од делегатите на Светската конференција за човекови права што се одржа во Виена истата година.

Виенската декларација и Програма за акција, усвоена од страна на Светската конференција, го означи почетокот на обновувањето на напорите за заштита и промоција на човековите права и се смета за еден од најзначајните документи за човекови права на изминатиот четврт век.

Слоганот за оваа година е „Човекови права 365“, а ја опфаќа идејата секој ден да е ден на човековите права.

„Ги повикувам сите членки да ја почитуваат нивната обврска за заштита на човековите права секој ден од годината.“ – истакна генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун.