Утре 12.12 (петок) во Палата „Србија“ во Белград ќе се одржи Министерски форум за правда и внатрешни работи на „ЕУ-Западен Балкан“, на кој ќе учествува и министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска. На форумот ќе се разговара за борбата против тероризмот, организираниот криминал, трговијата со луѓе, визната либерализација, ИПА проектот за борбата против меѓународниот криминал, судските реформи, соработката во граѓанското и кривичното право, конфискација на имотите стекнати со криминал и човековите права со посебен фокус на жените и децата.
Министерката Јанкулоска ќе има свои излагања на следните теми: „Борба против тероризмот и радикализацијата, со посебен фокус на странските борци“, „Механизам за следење на пост-визната либерализација“ и “Борба против организиран криминал, со посебен фокус на борба против трговија со оружје, трговија со луѓе и криумчарење на мигранти“.