Полициски службеник упатувал навреди кон вработени во СВР Охрид

Вчера околу 19:10 часот во с.Косел-Охрид, во ресторан „Јарец“, полициски службеник од ПС за БПС-Охрид С.С., кој бил во униформа, за време на извршување на работни задачи, заедно со уште еден полициски службеник, седел на една од масите и конзумирал алкохол и во еден момент од џебот од униформата извадил повеќе листови на кои имало кривични пријави со датум од 18.11.2016 година.

Притоа гласно почнал да упатува закани и навредливи зборови кон повеќе лица вработени во СВР Охрид. Причина за заканите и навредите било да се наруши интегритетот, угледот, честа и достоинството на пријавителите како повисоки раководни лица во СВР-Охрид, со што кај истите предизвикал чувство на страв, вознемиреност и несигурност. За настанот е запознат Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.