Приведен охриѓанец кој со мачета повредил негов пријател

Едно лице се здоби со тешки телесни повреди односно со повеќе убоди во пределот на стомакот, левата рака и лицето во тепачка случена во домот на В.К. на улицата „Радојца Новичиќ“ во Охрид. Настанот се случил околу 01 часот и 30 минути кога сега повредениот А.Р.(30) од Охрид заедно со неговата сопруга пристигнале во домот на нивниот пријател В.К.

Тука В.К. на сопругата на сега повредениот А.Р. и дал бела хартија во која имало бела прашкаста материја на што реагирал А.Р и го оттурнал В.К. по што настанала вербална меѓусебна расправија. Во обидот да си заминат од куќата, при слегување по скалите, В.К. со мачета со должина од 40 сантиметри замавнал неколку пати кон А.Р. и му ги нанел повредите по стомакот, левата рака и левиот образ.

СВР Охрид го приведе В.К. по што во текот на денов против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.