Николоски побара побрза интеграција во ЕУ за земјите од регионот меѓу кои и Македонија

Пратеникот Александар Николоски – шеф на македонската делегација во ПС на Совет на Европа учествуваше во работата на Комисијата за правни прашања и човекови права на 10 декември и на Мониторинг комитетот чии е прв Потпретседател на 11 декември 2014 година.

На Комисијата за правни прашања и човекови права се разгледуваше состојбата со почитување на човековите права во Европа, беа разгледани извештаите за ефективноста на Европската конвенција за човекови права и Брајтонската декларација за реформ на Европскиот суд за човекови права во Стрзбур, извештајот за заканите за принципот на владеење на правото во земјите членки на Советот на Европа, а по однос на предизвиците со заштитата на човековите права беа разменети мислења со врвните авторитети од оваа област- г. Кристијан Девос од „Иницијативата за правда ” од Лондон, г-ѓа Вероника Зенте Голдстон директор на „Хјуман рајтс воч ” за Европа и Централна Азија во Њу Јорк како и Брижит Дафур директор за меѓународни партнерства на „Граѓанската солидарна платформа ” од Брисел.

Во разгледувањето на извештаите како и во размената на мислења со експертите пратеникот Николоски посочи на потребата од притисок врз земјите членки кои не ги спроведуваат одлуките на Европскиот суд, притоа потсетуваќи на случаите со македонското малцинсво во Грција и пресудите во негова корист кои не се применети од Грчката држава. Николоски исто така потсети дека е недозволиво да не се признаваат основните човекови права на етничка, јазична и културна посебност на македонското, турското, влашкото и албанското малцинство.

Комисијата усвои препорака со која се бара од земјите членки итна и неодложна имплементација на пресудите на Европскиот суд за човекови права.

Пратеникот Николоски исто така учествуваше и во работата на Мониторинг комитетот чии е прв Потпретседател. На последна седница во оваа година беа разгледани извештаите за монитори г над Црна Гора, Монако, Србија, Грузија, а беше разгледана и состојбата со односите со Руската федерација. Николоски во своето обраќање побара побрза интеграција во ЕУ за земјите од регионот меѓу кои и Македонија со цел да се потврди европската иднина на регионот и да се запре со политиката на блокади. Во средбите со членовите на Мониторинг комитетот како и со известителот за Македонија британскиот пратеник г. Роберт Волтер како и со водачите на политичките групи во ПС на Совет на Европа Николоски информираше за политичката ситуација во Македонија. При тоа од соговорниците беше поздравена добрата економска политика и растот на стопанството, предложените уставни измени како и реформските закони кои ги усвојува Собранието на Република Македонија, при тоа од соговорниците уште еднаш беше изразено жалење за постапките на опозиционата СДСМ и беше потсетено на резолуцијата на Мониротинг комитетот со која се осудија ваквите постапки на СДСМ и беа повикани пратениците целосно да го остварат својот мандат низ активно учество и дијалог во рамки на Собранието, а беше потсетено и на заклучоците на пост избпрната мисија на ПС на Совет на Европа кои беа во иста насока.

На состанокот беше искажана подршка за едногодишната работа на претседателството на Мониторинг комиетот чии прв Потпретседетел е пратеникот Александар Николоски притоа како најголеми достигнувања беа потенцирани реформата на мониторинг процесот со која од следната година сите земји ќе бидат под мониторинг поделени по групи на земји или на принципот “тема по тема”, а беа подржани и голем број извештаи на кои работеше Мониторинг комитетот во измината година.

Во своето обраќање и средбите кои ги имаше пратеникот Николоски се заблагодари на силната подршка од членовите на Мониторинг комитетот во изминатат година и изрази надеж за повторна подршка за реизбор на оваа позиција на зимската сесија на ПС на Совет на Европа во последната недела на јануари 2015г во Стразбур.