Градоначалникот Бакрачески денес во посета на неколку месни заедници

Во рамки на посетите на месните заедници кои градоначалникот Никола Бакрачески ги реализира, денес со почеток во 17 часот ќе биде во посета на Куратица, во 18:30 часот Вапила – Ливоишта и 19:30 часот Косел.

На средбата покрај соработниците на градоначалникот ќе бидат присутни и директорите на Јавните претпријатија. Целта на посетите е запознавање на градоначалникот со проблемите на овие населени места и можностите за нивно побрзо решавање.