СДСМ организира трибина со граѓаните на Охрид „Заедно од проблемите до решенија“

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија организира трибина со граѓаните на Охрид:  „Заедно од проблемите до решенија“.

Трибината ќе се одржи во среда, на 17.12.2014 год. во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, со почеток во 19:00 часот.

ОО на СДСМ Охрид ги поканува сите заинтересирани сограѓани да повелат на трибината и да земат учество во граѓанската дебата со претставниците од највисокото партиско раководство на СДСМ, како и коалиционите партнери.