Младинско учество и препораки за идната развојна агенда на Обединетите Нации

На 15 декември 2015 година, се одржа младинска конференција на тема „Младинско учество и препораки за идната развојна агенда на Обединетите Нации“. Настанот беше организиран од страна на Младинската мрежа за врсничка едукацијаY-PEER Македонија, поддржана одФондот за население на Обединетите Нации.

Конференцијата беше отворена со излагањата на претставник од УНФПА – Соња Таневска, претставник од АМС – Зорица Стаменковска и Стефан Маневски – претставник од младинскиот сектор.

Претставникот на Агенцијата за млади и спорт ги истакна заложбите на Агенцијата за млади и спорт за секојдневна комуникација со претставниците на младинските организации во Република Македонија, како и потребата за нивно неопходно вклучување во процесите на креирање политики. Истовремено беше најавен и процесот на креирање на нова Национална Стратегија за млади – процес кој ќе започне во јануари, 2015 година.

Дел од конференцијата беа и трите фокусирани дискусии за три приоритетни области од развојната агенда пост 2015 година кои вклучија препораки на младите луѓе кои дискутираа за следните теми:

– Квалитетно образование

– Подобри можности за вработување

– Квалитетно здравство

Претставниците на Младинската мрежа за врсничка едукација Y Peer во заклучоците од конференцијата истакнаа дека со оваа конференција е завршена првата фаза од кампањата „Идеите ги споделувам гласно“ која опфати консултации со поголем број на млади луѓе, од различни општини.