Зголемен бројот на туристи во земјава

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јануари 2015 година изнесува 32 806, а бројот на ноќевањата изнесува 65 472.

Бројот на туристите во јануари 2015 година, во однос на јануари 2014 година, е зголемен за 6.4%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 0.7%.

Бројот на домашните туристи во јануари 2015 година, во однос на јануари 2014 година, е намален за 1.0%, а бројот на странските туристи е зголемен за 12.9%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јануари 2015 година, во однос на јануари 2014 година, е намален за 11.3%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 13.9%.

Бројот на туристите во јануари 2015 година, во однос на претходниот месец, е зголемен за 1.2% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 15.2%, а кај странските има намалување за 7.5%.

Бројот на ноќевањата во јануари 2015 година, во однос на претходниот месец, е зголемен за 1.2% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 9.3%, а кај странските има намалување за 4.8%.