ОК на ВМРО-ДПМНЕ во сабота организира Комитска вечер

Општинскиот Комитет на ВМРО- ДПМНЕ, во сабота ( 20 –ти декември) организира Комитска вечер.

По тој повод, од Комитетот ги повикуваат сите членови на партијата, симпатизери и охриѓани да бидат дел од ова случување.

Влезните билети се продаваат по цена од 450 денари и можат да се купат во новите простории на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ секој ден од 18 до 21 часот.

За Комитската вечер предвидена е богата свечена програма.