Утре во Приштина ќе се одржува Форум за Води организиран од страна на Регионалниот центар за животна средина за Централна и источна Европа (РЕЦ), преку иницијативата за безбедност и животна средина (Environment and Security Initiative – ENVSEC). На форумот Главни теми ќе бидат ефикасното управување со води посебно во прекуграничен аспект и еко дипломатијата и дипломатијата за води како носител на процесите во регионот на Југоисточна Европа.
На темата еко-дипломатија и дипломатија за води панелист ќе биде Дејан Пановски од Билатералниот Секретаријат кој на Форумот ќе предава за искуствата со еко -дипломатијата околу Дримскиот Басен , начинот на спроведување на Дримскиот дијалог, потпишувањето на Меморандумот за Дримскиот Басен и еко-дипломатијата околу одобрувањето на Дримскиот проект од страна на Глобалниот еколошки Фонд од Вашингтон.
„Комплексноста во управувањето со водените ресурси и интересите околу нив бара користење на еко-дипломатијата на неколку нивоа. Искуствата кои ги имаме може да помогнат во управувањето со предизвиците на потенцијалните конфликти помеѓу науката, менаџерството и политиката , но и конфликтите врзани за националните интереси во сливови кои се споделени меѓу неколку земји. Водите се круцијална потреба од низа аспекти и сектори и потенцијал или за конфликт или за соработка“.- вели македонскиот претставник на Билатерален Секретаријат за сливот на Охридско Езеро, Дејан Пановски.