Министерството за образование и наука на Република Македонија информира дека во текот на денешниот ден беа реализирани одделни средби со ректорите и претставниците на државни универзитети, претседателите на Студентските парламенти и Синдикатот за образование, наука и култура, а во врска со предложениот пакет мерки за унапредување на целокупниот образовен систем во земјата.
Средбите се дел од планот за детално информирање на сите засегнати страни по однос на новините кои на иницијатива на Министерството за образование и наука ги предложи Владата на Република Македонија.
Раководствата на универзитетите, синдикалната организација, како и студентските парламенти детално беа запознаени со предлог активностите во повеќето сегменти и нивоа на образовниот систем, за кои Министерството очекува сеопфатна и конструктивна дебата во следниот период.
Во меѓувреме, Министерството за образование и наука ќе продолжи со дискусиите и со другите институции, организации и граѓански иницијативи. Предлог реформите се објавени на интернет страницата на министерството.