Градоначалникот Никола Бакрачески заедно со директорот на ЈП „Билјанини извори“ Ристе Мишев, денес прими делегација од Ракометната академија „Андреа Лекиќ“ од Белград- соседна Србија.
На работната средба со директорката на академијата Зорица Радојновиќ и со маркетинг директорот Милош Обрадовиќ , се разгледуваа можностите Охрид да биде домаќин на интернационалниот ракометен камп кој би се одржал во текот на месец јуни 2015-та година.
Деталите за оваа иницијатива. односно евентуално одржување на овој спортски настан ќе бидат разгледувани на некоја наредна средба.
Учесници на ракометниот камп се деца од 15 земји меѓу кои Романија, Србија, Финска, Норвешка, Шведска, Србија, Црна Гора, Грција.
Реализацијата на проектот би значела привлекување поголем број гости, пред се од областа на спортот во летниот период од годината.