Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“, по повод 65 години од своето постоење, синоќа во Македонската опера и балет одржа јубилеен концерт …
На концертот, покрај многубројната публика, присуствуваше и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. Низ својата културна мисија низ децениите, Танец кој го носи епитетот најстар и единствен државен ансамбл од ваков вид, прерасна во достоен репрезент на најубавото, непроценливото македонско фолклорно богатство и творештво кое го потврдува идентитетот на македонскиот народ.
Изведувајќи ги “Тешкото”, „Невестинското”, „Комитското” и другите македонски фолклорни игри на бројните настапи во „Карнеги хол“ во Њујорк, „Опера Хаус“ во Сиднеј, „Бољшој Театарот“ во Москва, Далијан-Кина, Белград, Доха-Катар, Анкара-Турција, Кочешин-Полска, Терхова-Словачка, Киев, Стокхолм, Виена, Израел и на многу други познати концертни сцени во светот, „Танец“ одигра историска мисија и докажа дека Република Македонија со својата богата етнокореолошка традиција завзема маркантно место во семејството на народите кои ја споделуваат својата богата култура со целиот свет.