Меѓународен ден за борба против насилство врз сексуалните работници

И оваа година, традиционално, ЗГ Опција Охрид ќе го одбележи 17-ти Декември – Меѓународен ден за борба против насилство врз сексуалните работници со низа активности: делење на едукативен материјал, едукативни работилници со целната група и сензитивизирање на општата популација.

17-ти Декември претставува интернационален ден за крај на насилството врз сексуалните работници од целиот свет, со цел да се обрне внимание на криминалните дејства кои се вршат врз сексуалните работници.Идејата е на Др. Ени Спринкл, а започна во САД како спомен на жртвите на серискиот убиец од Грин Ривер, Сиетл – Вашингтон.

Црвениот чадор е симбол на СР и означува отпор против сите човекови напади и осудувања, а црвената боја е боја на љубовта и убавината. За прв пат Црвениот чадор за таа цел, е употребен во Венеција, Италија во 2001 година.

1504266_10202631447617200_281731507_o