Гаус институтот – Фондација за нови технологии, иновации и трансфер на знаење ќе одржи информативна сесија и презентација на проектот: „Инцијатива за одговорно планирање и управување со водите кои се користат во земјоделството во басенот на Охридското езеро“. Презентацијата ќе се одржи во Охрид, утре- 18ти декември (четврток), со почеток во 11:00 часот.
На сесијата покрај проектот ќе бидат презентирани резултатите од уште два други проекти од страна на Еколошко друштво Грашница, Охрид и Институтот за Европски еколошки политики од Албанија.