Пругата од Будимпешта до Белград, што претствува првиот дел од брзата пруга која треба да ги поврзе Унгарија, Србија, Македонија и Грција, треба да биде готова за две години. Договорот денеска го потпишаа Србија и Унгарија со НР Кина во рамки на Самитот што се одржува во Белград.
„Изградбата на овој проект ќе послужи за развојот на регионот и ќе помогне да се олеснат интересите на Кина и на земјите од Источна и Централна Европа. Изградбата на пругата ќе помогне да се унапреди логистиката помеѓу четирите земји и ќе го олесни протокот на лица, стоки и капитал. Проектот воедно ќе помогне да се воспостави коридор и рута за размена на стоки меѓу Кина и Европа. Се надеваме дека ќе има уште вакви траси“, рече Кечијанг.
Тој посочи дека на тој начин ќе се зголеми соработката бидејќи како што рече, брзата железница ќе биде двигател на економиите на земјите на рутата.
Премиерот Никола Груевски оцени дека реализацијата на овој проект е многу важно за регионот, но и за Европа и НР Кина.
„Тоа е многу важен прект за економијата на регионот, за луѓето, за компаниите и за секого, бидејќи ќе промени многу работи поврзани со сообраќајот, прометот на луѓе и стоки и ќе им помогне на земјите да се движат напред, “ потенцира Груевски.
Проекот спроед вицепремиерот и минисер за финансии Зоран Ставрески може да има позитивно влијание врз економскиот развој на Република Македонија и од тој аспект го побуди нашиот интерес. – Со оглед на тоа што недостасуваат информации за моделот и начинот на финасирање, финасиската конструкција и какво ќе биде учеството на кинеската страна и на земјите што учествуваат останува да ги добиеме тие информации, а потоа ќе направиме анализи и соодветно ќе ја искажеме нашата позиција, изјави Ставрески.
Српскиот премер Александар Вучиќ истакна дека со изградбата на железницата ќе се намали времето на патување од Белград до Будимпешта на два часа и четириесет минути наместо повеќе од осум часа колку што трае сега.
„Пругата ќе донесе ново поврзување на Србија со нашите пријатели од Унгарија, Македонија и Грција, како и ново и позначајно поврзување со Европа. Секое големо инфрастуктурно вложување носи и големи економски придобивки“, рече Вучиќ и се заблагодари и за разбирањето од Македонија и Грција.
Виктор Орбан премиерот на Унгарија денешното потпишување на договорите го оцени како значаен ден за неговата земја, бидејќи ќе ја подобри позицијата на земјата.
„Уверен сум дека соработката меѓу Европа и Кина ќе се подобри преку оваа железница“, рече Орбан.