Денес во Охрид започна дводневна билатерална средба на експертско ниво меѓу директорите на македонската и албанската полиција и високи полициски претставници од двете земји. По поздравните обраќања на м-р Митко Чавков, Директорот на БЈБ и неговиот колега г-дин Артан Диди , Директор на албанската полиција, денес се предвидени три теми за дискусија: анализа на досегашната соработка , идентификација на конкретни области на криминал како заеднички приоритет на двете полиции и профилирање на лица и групи за кои постојат сознанија дека се поврзани и вклучени во криминални активности. Утре главна тема на разговор ќе биде можноста за воспоставување на заеднички оперативни тимови кои ќе бидат вклучени во заеднички операции и продлабочување на соработката (предлози, насоки, иницијативи) од двете страни.