Општина Охрид: Соопштението на СДСМ очигледно е нивни мелем пред фактот дека градоначалникот ја има целосната поддршка од охриѓани

Во врска со соопштението на ОО на СДСМ Охрид реакција испрати Општина Охрид, во која стои:

„Денешното соопштение на СДСМ очигледно е нивни мелем пред фактот дека градоначалникот Никола Бакрачески ја има целосната поддршка од граѓаните на Охрид. Доволна потврда за тоа е огромната победа на Локалните избори во 2013 година и поддршката која тој во континуитет ја има од охриѓани при реализација на секој нов проект.

Почитувани од СДСМ, охриѓани одамна направија разлика меѓу доброто олицетворено во домаќинското и чесно работење на градоначалникот Бакрачески и злото олицетворено во нечесната работа на претходното локално раководство на СДСМ.

Поради долгот од над 50 милиони евра што СДСМ го остави во општината и јавните претпријатија како и поради низата незаконски, сомнителни и штетни проекти, охриѓани уште многу долго ќе ја казнуваат оваа политичка партија.

За тоа време, општина Охрид и градоначалникот Никола Бакрачески ќе го исчистат сето зло што СДСМ го остави во Охрид и ќе продолжат со градења на патишта, плоштади, спортски терени, стадиони, канализациони мрежи. Ќе се продолжи со изградба и реконструкции на воспитно образовни институции и низа други проекти кои се за доброто на Охрид и охриѓани.“- стои во реакцијата.