Во ОУ „Кочо Рацин“, вчера, од страна на одделението за превенција од СВР Охрид, се одржа предавање за ризиците од употреба на пиротехнички средства. Предавањето под мотото „Биди ѕвезда не фрлај петарди“, на еден поинаков и современ начин им ги доближува опасностите и ги поттикнува да децата да размислуваат во еден поинаков правец. Ова претставува еден превентивен начин за навремено спречување на последиците од употребата на пиротехнички средства, особено за време на новогодишните празници.
Планирано е вакви предавања да се одржат во сите основни училишта во Охрид.