„Биди sвезда не фрлај петарди“ – проект на СВР Охрид

Под мото „Биди sвезда не фрлај петарди“, СВР Охрид го отпочна проектот „Превенција од злоупотреба на пиротехнички средства“. Во рамките на проектот, полициски службеници ги посетуваат основните училишта во општината и на најмладите им укажуваат на опасностите од пиротехничките средства што можат да се предизвикаат поради користење нелегална пиротехника, незнаење и невнимание при употребата што може да има фатални последици. „Од ваквите повреди нема заштита, опасност од изгореници на рацете и лицето, на очите и дишните патишта, опасност од експлозија, нагрденост на лицето, можни психички трауми, не ја расипувај забавата,…

повеќе...

На подрачјето на Скопје запленет поголем број пиротехнички средства

Во текот на овој месец од страна на СВР Скопје-Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје, полициските станици од општа надлежност „Центар“ и „Бит пазар“, како и Единицата за прв одговор и интервенција „АЛФА“, превземени се мерки и активности за сузбивање на недозволена трговија со експлозивни материи (петарди и други пиротехнички средства), при што се запленети вкупно 26.849 парчиња пиротехнички средства, за што согласно член 396 од КЗ на РМ, ќе бидат поднесени кривични пријави против две лица од Скопје, а согласно Законот за заштита од експлозивни материи, член…

повеќе...

„Биди ѕвезда не фрлај петарди“ – младите во Охрид се едуцираат од опасноста од пиротехниката

Под мотото „Биди ѕвезда не фрлај петарди“, СВР Охрид го отпочна проектот „Превенција од злоупотреба на пиротехнички средства“. Утре напладне, на плоштадот „Св.Климент Охридски“, во соработка со Секторот за образование при општина Охрид ќе се органиизира јавен настан со учество на ученици од шестто до деветто одделение од основните училишта „Св.Климент Охридски“, „Григор Прличев“„Христо Узунов“ и „Братство- Единство“. Учениците ќе испишат плакати со пораки за опасностите од злоупотребата на пиротехнички средства. Вчера во ОУ„Христо Узунов“ се одржаа едукативни предавања на тема „Ризици од употреба на пиротехнички средства“. Целта на проектот…

повеќе...

Одржани предавања за превенција од употреба на пиротехнички средства

Во ОУ „Св. Наум Охридски“, вчера се одржа предавање за ризиците од употреба на пиротехнички средства. Исто вакво предавање, понеделникот се одржа во ОУ „Ванчо Николески” – с.Лескоец. Овие предавања ги реализира Одделението за превенција при СВР – Охрид. Предавањето се состои од објаснување што претставуваа пиротехничките средства, како треба да се употребуваат – исклучиво со присуство на родител или најдобро воопшто да не се употребуваат. На учениците им беа претставени одредбите од законот и казните за трговија со пиротехничките средства. Преку усни примери предавачот им посочи случаи од неговата…

повеќе...

Предавање во ОУ „Живко Чинго “- „Ризици од употреба на пиротехнички средства“

Денес, од страна на СВР Охрид пред учениците од шесто до девето одделение во ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти беше одржано предавање на тема „Ризици од употреба на пиротехнички средства“. Ова предавање беше организирано под мотото „Биди ѕвезда, не фрлај петарди“ и беше поткрепено со „Power point“ презентација, фотографии и многу корисни совети за опасностите од користење вакви средства. Учениците се запознаа со видовите пиротехнички средства, нивниот состав, со законски регулативи кои го уредуваат делот на недозволено користење на пиротехнички средства, но најголем акцент се стави на ризиците и последиците…

повеќе...

Предавање во ОУ „Кочо Рацин“ – „Биди ѕвезда не фрлај петарди“

Во ОУ „Кочо Рацин“, вчера, од страна на одделението за превенција од СВР Охрид, се одржа предавање за ризиците од употреба на пиротехнички средства. Предавањето под мотото „Биди ѕвезда не фрлај петарди“, на еден поинаков и современ начин им ги доближува опасностите и ги поттикнува да децата да размислуваат во еден поинаков правец. Ова претставува еден превентивен начин за навремено спречување на последиците од употребата на пиротехнички средства, особено за време на новогодишните празници. Планирано е вакви предавања да се одржат во сите основни училишта во Охрид.

повеќе...

На подрачјето на СВР Скопје пронајдени и запленети над 400.000 разни видови петарди

Министерството за внатрешни работи продолжувајќи со континуираните активности во поглед на спречувањето на продажбата и употребата на пиротехнички средства вчера (16.12.), по претходно добиени оперативни сознанија на Единицата за недозволена трговија – Одделение за недозволена трговија со оружје и експозивини материи, реализираше активности во кои што од две импровизирани тезги на Бит пазар беа пронајдени и одзема поголема количина на пиротехнички средства, односно околу 350000 парчиња разновидни пиротехнички средства. Исто така, во изминатата недела постапувајќи во рамки на овој вид активности Единицата за недозволена трговија- Одделение за недозволена трговија со…

повеќе...

Континуиран пад на нелегалната трговија со пиротехника и пиротехнички средства

Како резултат на интензивните мерки и успешни акции што секоја година во овој период се спроведуваат на целото подрачје на СВР Охрид, бележиме континуиран пад на нелегалната трговија со пиротехника и пиротехнички средства. Во текот на минатата 2013 година, полициските службеници во Охрид и Струга пронајдоа вкупно 11.212 петарди и други пиротехнички средства наменети за понатамошна продажба. Истите беа пронајдени при контроли на градскиот пазар во Струга поточно во и околу магацини и тезгите каде се чува и продава овошје. Околу 7000 различни пиротехнички средства, беа пронајдени и одземени во…

повеќе...

Полицијата апелира: Без оружје и пиротехнички средства за Новогодишните и Божиќните празници

Министерството за внатрешни работи, Секторот за Внатрешни работи Охрид апелираат до сите граѓани да се воздржат од било каква употреба на оружје и пиротехнички средства за време на Новогодишните и Божиќните празници. „Неовластената употреба на пиротехнички средства и оружје на јавно место претставува општа опасност со која се загрозува сигурноста на сите граѓани. Со таквото дејствие се врши кривично дело и прекршок кој е санкциониран со позитивните законски прописи.“– велат од МВР. Полицијата во наредниот период ќе презема засилени мерки и активности заради одржување на поволна безбедносна состојба и против лицата кои употребуваат…

повеќе...