Со субвенционирање на авиолетови Охрид поблиску до Европа

Општина Охрид распиша Јавен повик за прибирање на барања за финансиска поддршка на домашни и странски авиопревозници. Целта на давањето финансиска поддршка е воведување на една нова дестинација помеѓу аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид и државите од западна Европа.

Заинтересираните документацијата за барање за учество во постапката за доделување на финансиска поддршка може да ја подигнат секој работен ден од 10:00 до 15:00 часот по локално време, кај Комисијата спроведување на постапката за доделување на финансиска поддршка. Рокот за доставување на барањата трае до 27.01.2015 година до 13:00 часот по локално време. Барањата се доставуваат во архивата на општина Охрид.

Повеќе информации за Јавниот повик може да добиете ТУКА.