„Рибарчињата“ и основците ја загреаа предновогодишната атмосфера во Охрид

Синоќа на градскиот плоштад „Св. Климент- Охридски“ започна неколкудневната предновогодишна програма која е во организација на општина Охрид.

Бројни охриѓани ги проследија настапите на дел од учесниците на детскиот фестивал „Распеано рибарче“ и на учениците од основните училишта „Григор Прличев “ и „Св. Наум Охридски “ од Пештани .

Вечерва, во рамки на новогодишната програма која започнува во 18 часот на градскиот плоштад ќе настапат учениците од основните училишта, „Ванчо Николески“ од село Лескоец и од „Братство – единство“.  До четврток во реализација на празничната програма се вклучени учениците од сите основни и средни училишта во градов, а во наредните денови се предвидени настапи на културно уметнички друштва и останати претставници од културниот живот на Охрид.