По повод претстојните Новогодишни празници, традиционално и оваа година, Локалната самоуправа на Охрид и Црвен крст Охрид, за социјално најзагрозените семејства и лицата со хендикеп од Охрид, организираат хуманитарен Новогодишен ручек во Средното угостителско училиште „Ванчо Питошески” во Охрид.
Хуманитарниот ручек ќе биде утре (четврток) со почеток во 14:00 часот.
Предвидено е градоначалникот на Охрид во 14:20 часот. да ги поздрави присутните и заедно со Дедо Мраз, на најмладите, да им подели новогодишни пакетчиња.