Се обиделе да прокриумчарат седумина илегални мигранти и да поткупат полициски службеници

РЦ за ГР Југ до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против лицата Б.К. (25) од Поградец, Р.Албанија и Ч.Е. (29) од Либразд, Р. Албанија за сторено кривично дело – “криумчарење на мигранти“ по член 418-б став 4 в.в. став 2 од КЗ на Република Македонија, а против второпријавениот и за кривично дело – “давање поткуп“ предвидено и казниво по чл.358 став 1 од КЗ на Р. Македонија. Од страна на судија за претходна постапка на пријавените лица им е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.

Имено, завчера во 20,45 часот од страна на полициски службеници од Полициска станица за Безбедност на патниот сообраќај на автопат Демир Капија, кај наплатна рампа Градско, биле забележани две возила и тоа ПМВ марка “Голф“ со албански регистарски ознаки и ПМВ марка “Ауди“ со грчки регистарски ознаки во кои се превезувале повеќе луѓе. Прв се движел голфот кој заминал во правец кон Скопје, а полициските службеници го следеле аудито се до Каласлари каде што го запреле и при контролата е утврдено дека истото е сопственост и управувано од лицето Ч.Е. а во возилото се откриени тројца илегални мигранти на возраст од 25 до 34 години (двајца од Сирија и еден од Ирак).

Наедно, при контролата возачот, односно пријавениот Ч.Е. во својот пасош ставил прво 100 за да го ослободат, а потоа и уште 100 кои ги понудил на полициските службеници коишто поткупот го одбиле (за што против Ч.Е. е поднесена и кривична пријава). Во тој момент полициските службеници забележале дека “голфот“ со албански регистарски таблички излегува од бензинската пумпа кај Каласлари и се упатува во правец кон Скопје, па едниот полициски службеник со службеното возило се упатил по него при што дал знак да застане возилото, со вклучување на рото светло и звучна сирена, но “голфот“ не застана. Во близина на клучката за Велес и Штип, од возилото се симнале патниците по што “голфот“ продолжил да се движи уште 50-100 метра по што било запрен од страна на полициските службеници.

При контролата е утврдено дека ПМВ марка “Голф“ било сопственост и управувано од лицето првопријавениот Б.К. а на задното седиште во возилото се пронајдени торбици од лицата кои се превезувале во истото, а подоцна покрај патот се пронајдени и лицата при што е утврдено дека се работи за четворица илегални мигранти од Сирија на возраст од 6 години, две лица на возраст од 27 години и едно 25 годишно лице. Заради расветлување на целиот случај, сите горенаведени лица се приведени во ПС од ОН Велес при што дознанено е дека првопријавениот ги прифатил илегални мигранти во близина на Гевгелија, а второпријавениот во близина на Демир Капија во правец кон Скопје.