Донација за ЈОУДГ „Јасна Ристеска“

Во групите на ЈОУДГ „ Јасна Ристеска“ кои работат во дислоцираните простории во селата Лескоец, Велгошти и Пештани ,како и во населбата „ Радојца Новичиќ“, денеска беше примена донација од играчки, теелевизори, ДВД- плеери и косилки за трева во износ од 1.000 евра.

Донатор е Горан Карлсон од Шведска, а во негово име донацијата ја предаде охриѓанецот Милан Стојчески , кој долги години живее во Шведска и важи за потврден поддржувач на бројни хуманитарни и други манифестации. Организатор е на првиот саем за туризам во Гетебург, Шведска, каде ја промовира Република Македонија, особено низ природните и културни убавини на Охрид.

Donacija_Jasna_Risteska_20164851