Во ОУ „Св. Наум Охридски“, вчера се одржа предавање за ризиците од употреба на пиротехнички средства. Исто вакво предавање, понеделникот се одржа во ОУ „Ванчо Николески” – с.Лескоец. Овие предавања ги реализира Одделението за превенција при СВР – Охрид.
Предавањето се состои од објаснување што претставуваа пиротехничките средства, како треба да се употребуваат – исклучиво со присуство на родител или најдобро воопшто да не се употребуваат. На учениците им беа претставени одредбите од законот и казните за трговија со пиротехничките средства.
Преку усни примери предавачот им посочи случаи од неговата пракса за употреба на пиротехнички средства, во кои имало штетни последици по здравјето на они кои ги употребувале.