Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во свое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз, по повод Бадник и големиот празник Рожденство Христово Божик, упати честитка до Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, Д-р Киро Стојанов и до сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија.
„До Вас лично и до сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија, во мое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз, упатувам срдечни честитки за денешниот голем ден Бадник и за утрешниот големиот христијански празник Рожденство Христово Божик.
Ви посакувам добро здравје, благосостојба и мирен духовен живот.
Празничните денови нека донесат Божји благослов во вашите срца, во домовите и во вашите семејства.
Во годината што претстои уште посилно и уште подлабоко да ги негуваме човековите вредности, почитта, толеранцијата, меѓусебното разбирање, како еден од важните предуслови за спокоен живот на сите граѓани во Република Македонија.
Божикните и новогодишните празници нека ја поттикнат вербата, љубовта, надежта, определбата кон подобро утре“.– стои во честитката.