Започнаа чествувањата по повод патрониот празник на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“

Започнаа чествувањата по повод Патрониот празник на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“. Синоќа на градскиот плоштад учестуваше оркестарот при училиштето, а во текот на денешниот ден се одржаа повеќе спортски активности.Во играњето фудбал се вклучи и директорот на училиштето, Јане Цаноски. Во школската аула се играше и шах, пинг-понг, пикадо, а се правеа и оригами. Активностите продолжуваат и утре, односно во просториите на училиштето ќе се одржи свечена прослава.

А. Андриоски