Приведен охриѓанец кој физички нападнал жена

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „разбојништво“, Секторот за внатрешни работи Охрид, поднесе кривична пријава против А.Р. (25) од Охрид.

Пријавениот, на 19-ти овој месец, физички нападнал жителка на Охрид по што се обидел да пребарува по незјината чанта и по облеката. Настанот се случил околу 16 часот на пресекот на улиците „Димитар Влахов“ и „Кузман Јосифоски“ во Охрид. Тука, пријавениот ја сочекал оштетената која поминувала покрај него. Тогаш физички ја нападнал по што истата паднала на асфалтот во простор помеѓу паркирани возила на улицата. Потоа А.Р. веднаш започнал брзо да пребарува по нејзината чанта и по џеповите од капутот. Во моментот оштетената на висок глас започнала да бара помош по што пријавениот веднаш избегал.

СВР Охрид, набрзо по пријавувањето на настанот, презеде оперативни мерки и го пронајде и приведе А.Р.