Од први јануари 2015 даночните одделенија на УЈП со ново работно време до 18 часот

Од 1 јануари 2015 година, сите даночни одделенија на УЈП (Прилеп, Охрид, Гостивар, Кичево, Струмица, Куманово, Велес и Гевгелија) ќе работат со продолжено работно време до 18 часот во работните денови и до 14 часот во сабота.

Поради совпаѓање на работното време на голем дел од физичките и правните лица со работното време на УЈП, странките често немаат можност во текот на предвиденото работно време да ги завршат своите обврски. Од тие причини, го продолжуваме работното време на шалтерите на УЈП со што нашите услуги ќе бидат подостапни за граѓаните и фирмите.

Продолженото работно време за регионалните дирекции на Управата за јавни приходи во Скопје, Битола, Штип, Тетово и Кавадарци започна да се применува од 1 октомври 2014 година.